Музика
„КОБРА“ – нова соработка помеѓу младата Мина Блажев и искусните ДНК
Мaкедонската јавност деновиве има можност да го слушне новиот музички хит со наслов „Кобра“ на талентираната Мина Блажев изведен во соработка со ДНК.
Кога ќе се спои талентот заедно со младоста и енергијата на Мина и искуството на ДНК се добива динамична, модерна песна во р&б ритам со певлив рефрен и одличен аранжман која само за еден ден има над 15.000 прегледи на youtube.
За добро информираните во светот на музиката Мина е веќе познато лице на македонската музичка сцена. Зад себе има издадено четири сингла, во 2018та ја освои наградата за најдобар дебитант на Макфест, ја претставуваше Македонија на детската Евровизија 2017 во Тбилиси, Грузија, истата година се закити со престижната награда Бисер на меѓународниот музчики фестивал „Езерски Бисери“ а беше и дел од талент шоуто Пинкови ѕвездички. Има учествувано на бројни државни и меѓународни натпревари каде се има закитено со безброј признанија, први места, гран при награди. Посетува часови по пеење на Музичката академија Ѕвездички.




